ВАСОСКИ: ОВА СЕ МЛАДИ ДЕЧКИ КОИ ГИНАТ ЗА КЛУБОТ

По натпреварот против Шкендија тренерот на Вардар Александар Васоски изјави дека жали за пропуштените две водства но рече дека е добро што Вардар не загуби.

-„Игравме без двајца одбранбени фудбалери кои го понесоа товарот на 17 натпревари, заедно со Најдовски нормално. Серафимов и Младеновски беа преимпреисионирани и нервозни. Сите беа под притисок, поради јубилеите на навивачите и слично. Дефинтивино бевме ослабени, но добро е што не загубивме. Жалам што имавме две водства, а не ги задржавме. Сега сме фокусирани на припремите, па ќе видиме што ќе биде напролет“ – истакна Васоски.

Васоски рече дека за овој Вардар играат млади играчи кои гинат за клубот, затоа Вардар заслужува поголема посетеност на домашните натпревари.

-„Нека има секој ден ваква публика. Играчите со тоа ке созреат. Секој меч го личи Вардар да има по 5.000 гледачи. Сакам да пратам апел до неутралните гледачи, ова се млади дечки, гинат за клубот. Ако ги погледнеме другите екипи од Балканот, стадионите им се полни. Ние Македонците мора да имаме навика да доаѓаме на стадион. Не се сложувам дека македонската лига е неквалитетна. Зошто да не ги земат децата, да дојдат да го гледаат Вардар? Скопје е голем град, има скоро милион жители. Тоа е изводливо ако се сака“ рече Васоски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *