Вечерва со почеток од 20:15 часаот во салата „Јане Сандански“ Вардар го пречекува словачкиот првак Татран Прешов во последниот свој натпревар на свој терен во СЕХА Лигата. Вардар на две кола пред крајот на полусезоната е на првото место во групата со три бодови повеќе од Мотор Запорожје, и со победа на овој натпревар ќе го обезбеди првото место. Првите две места водат директно во четвртфиналето на СЕХА Лигата.

-„Ова ни е последниот натпревар годинава на домашен терен. Сакаме да го дадеме нашиот максимум на оваа средба и со победа да ја завршиме оваа година на домашен терен. Ние секогаш одиме да го дадеме максимумот и да се дојдеме до нов триумф за првото место во групата“ – Изјави ракометарот на Вардар Димитар Димитриоски.
