РУСИЈА ДОБИ ЧЕТИРИГОДИШНА КАЗНА ЗА НАСТАП НА СПОРТСКИТЕ НАТПРЕВАРУВАЊА

Судот на светската антидопинг агенцција ВАДА одлучи да ја суспендира Русија од спортските натпреварувања до 2023 година, поради прекршување на антидопинг правилата од страна на руските спортисти. Руската антидопинг агенција РУСАДА е обвинете дека не работи според светските антидопинг стандарди, како и за манипулирање со лабораториските резултати кои ги доставувала до ВАДА во јануари 2020 година. Директорот на руската антидопинг лабораторија Григориј Родченков во 2016 година исто така призна дека „нечистите“ примероци од урина на спортистите ги заменувале со „чисти“, и дека тоа бил државен проект на Русија за Олимпијадата во Сочи 2014. Според одлуката на ВАДА Русија нема да може да настапи на следните Летни Олимписки Игри во Токио и на Зимските Олимписки Игри во Пекинг 2020 година. Истотака Русија нема да може да настапува на светското првенство 2022 во Катар, но забраната нема да важи и за Европското Првенство 2020, каде Русија е еден од организаторите. Руските спортисти кои ќе можат да докажат дека немаат врска со овој допинг скандал ќе имаат шанса да настапуваат на натпреварувањата но не под руското знаме и химна. Оваа казна треба да ја потврди судот за Спортска Арбитража во Лозана, а Русија има 21 ден да поднесе жалба на одлуката.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *