
Ракометарите на актуелниот шампион Вардар го совладаа Татран Прешов 28:26 во последниот натпревар на Вардар пред своите гледачи оваа сезона во СЕХА Лигата. Вардар лошо го отвори натпреварот, во првото полувреме цело време беше во негатива, а на паузата се отиде со резултат 13:17. Во вториот дел Вардар направи серија од 5:0, па во 41 минута успеа да дојде до водство 21:20. Понатаму Вардар го диктираше темпото на игра успеа да слави со 28:26. Кај Вардар Гедбан прикажа добра игра и забележа неколку важни одбрани,и тој натпреварот го заврши со вкупно 8 одбранети удари. Павел Атман и Чупиќ постигнаа по 5 голови. Ова е осма победа по ред на Вардар во СЕХА Лигата со што се најде на првото место со 23 бодови.