ТРИЧЛЕНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОШАРКАРСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА Е НА РАБОТНА ПОСЕТА ВО МИНХЕН

Тројца членови од Кошаркарската Федерација на Македонија Владимир Ѓорѓиевски, Мирко Ивановски и Јане Петковски отпатуваа во Минхен каде ќе се одржи жрепка за натпреварувачките групи за наредните европски шампионати во младинска конкуренција. Жрепката ќе се одржи утре, а нашата делегација ќе учествува и на неколку работилници организирани од ФИБА. Македонија ќе биде организатор на Европското првенство од дивизијата А во машка конкуренција, за кошаркари до 16 години 14 – 22 Август 2020 година. Покрај машката кадетска репрезентација која е единствена која се натпреварува во А дивизија, Кошаркарската Федерација на Македонија пријави уште неколку младински репрезентации за учество во континентални првенства во соодветните рангови. Машките младински национални селекции до 16 години, до 18 и до20 години, идното лето ќе учествуваат на соодветните континентални првенства, а во женска конкуренција пријавени се селекциите до 16 и до 18 години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *