Капитенот на Македоонската репрезентација Војдан Стојановски кариерата ќе ја просолѓи во францускиот прволигаш Елан Берниз По Лак Ортез. Стојановски до сега беше слободен играч а формата ја одржуваше тренирајќи со тимот на МЗТ Скопје Аеродром. Сегашниот тим на Војдан се натпреварува во француската Про А Лига и во ФИБА Лигата на Шампиони. Во франциското првенство тимот на Елан е на 15 место со скор од 4 победи и 9 порази, а во ФИБА Лига на Шампиони има скор од 2 победи и 6 порази. Војдан Стојановски со своето искуство е вистинско засилување за тимот, но ова ќе биде важно и за неговата играчка форма, бидејќи Македонската репрезентација во Фебруари 2020 година ќе го започне квалификацискиот циклус за Евроското Првенство 2021.

-„Битно е да почнам да играм, потоа мислам дека ќе биде многу полесно. Факт е дека ќе биде потребно време да се ‘пронајдам’ со екипата. Но тренерот ги знае моите квалитети, тоа е и една од причините што сум тука. Очекувам брза аклиматизација, а на него е да одлучи кога ќе заиграм. Иако ситуацијата не е сјајна, добив информација дека има доста повредени соиграчи, доста натпревари се пред нас преку кои можеме да се подигнеме“ – изјави Стојановски.