
Пелистеер го совлада Куманово со високи 88:70. Ова беше втор натпревар и втора победа за Пелистер со новиот тренер Љупчо Малинков. Со оваа победа Пелистер најави приклучок кон седината на табелата. Пелистер со биланс од 5 победи и 5 порази е на седмото место на табелата со 15 бодови. Куманово полека ја губи трката за влез во најдобрите четири, и сега е на четвртата позиција со 16 бодови и биланс 6 победи и 4 порази но со натпревар повеќе од Работнички и Кожув кои имаат 15 бодови. На останатите натпревари Еуро Никел на домашен терен го совлада Вардар 82:66, ФМП Академија доживеа незгоден пораз од Гостивар на домашен терен 58:67. Утре се играат натпреварите МЗТ Скопје УБ – Работнички и МЗТ Скопје Аердором – Кожув.