ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР СЕ НАДЕВА НА ПОБЕДА ПРОТИВ СПАРТАК МОСКВА

Тимот на Ерофарм Пелистер денеска со почеток од 14:30 му гостува на последнопласираниот Спартак Москва во последниот натпревар во групната фаза на СЕХА Лигата. Во првиот натпревар на овие две екипи Еурофарм славеше со 34:29. Тренерот на Еурофарм Пелистер изјави дека целта е да се преќине серијата порази и со победа да се заврши оваа фаза во Сеха Лигата.

-„По долгата серија порази, целта е да се стави крај на овој лош период и да се победи овој последен натпревар. Спартак има добар тим, тие одиграа навистина добро прво полувреме во Битола и сигурен сум дека натпреварот во Русија ќе биде тежок. Кукоски се врати во екипата, но Шевелев нема да се појави на теренот“, изјави тренерот на Еурофарм, Божидар Мојсов.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *