Екипата на актуелниот шампион Вардар како првопласитан во групата А ќе ја заврши групната фаза во СЕХА Лигата. Вардар во последното коло му гостува на Нексе Нашице каде ќе настапи со резервните играчи, а тимот ќе го води помошниот тренер Стојан Петрушевски кој беше и тренер на Вардар Јуниор. Петрушевски изјави дека овој натпревар ќе биде добра можност младите играчи да го покажат својот квалитет. Натпреварот се игра денеска со почеток во 17:00 часот.

-„СЕХА лигата е одлична можност за нашите помлади играчи да докажат за што се способни. Сега, кога го обезбедивме првото место во нашата група, дојде време тие да ја искористат можноста и да ја докажат нивната вредност. Некои од нив веќе имаат искуство во СЕХА лигата и во Лигата на шампиони, но Нексе ќе биде тежок противник. И покрај недостаток на искуство, во ние ќе дадеме максимум за да го покажеме нашиот потенцијал“- изјаво Петрушевски.
Dobro e i mladite igraci da steknat megunarodno iskustvo