
Александар Волкановски е новиот светски шампион во УФЦ во перо лесна категорија. Тој е Австралиски борец кој има македонско потекло а во Австралија е познат по прекарот Александар Велики. Во вчерашното финале во перо лесна категорија на настанот УФЦ 245 во Лас Вегас, Волкановски го совлада досега најдобриот УФЦ борец во оваа категорија Американецот Макс Холовеј. Квалитетот на Халовеј го покажуваат и неговите рекорди во оваа категорија како: најмногу победи, најдолга победничка низа, најмнофу завршници и најмногу нокаути.

Во оваа борба победникот беше познат по одлуката на судиите кои му ги доделија сите три рунди на Волкановски, 3:0 (48:47, 48:47, 50:45). Александар Волкановски доминираше во тек на целата борба, и ги елиминираше скоро сите удари на противникот. Тој зададе повеќе удари во сите три рунди а можеби одлучувачки за победата беа повеќето прецизни лоу кикови кои му зададоа многу проблеми на Халовеј. Волкановски стана првиот Австралиски борец роден во Австралија кој освоил УФЦ Шампионат.
Nasiot nov heroj