ХОЛАНДИЈА Е НОВ СВЕТСКИ ШАМПИОН ВО ЖЕНСКИОТ РАКОМЕТ

Ракометарките на Холандија го освоија нивниот прв златен медал на Светско Првенство кое се одржа во Јапонија, откако во финалето ја совладаа репрезентацијата на Шпанија 30:29. Холандија дојде до победата во крајно неизвесна завршница, каде успеа да реализира седмерец во последните мигови од натпреварот. На почетокот од натпреварот Шпанија направи предност од 4 голови која ја одржуваше во првата половина на првото полувреме. Во финишот на првиот дел, Холанѓанките направија пресврт 13:12, и до крајот на полувремето ја зголемија разликата на 16:13. Во второто полувреме Шпанија ниту еднаш не успеа да дојде во водство, Холандија во еден момент имаше и најголема предност од 5 голови, но во завршницата Шпанија се избори сериозно се закани. На две минути пред крајот Шпанија израмни на 29:29, следниот напад Холандија не го реализираше и им овозможи на Шпанките да го имаат последниот напад за победа. Откако Шпанија не реализираше Хернандес спречи контра напад на Холандија на 5 секунди до крајот при што доби црвен картон и судиите досудија седмерец за Холандија. Абинг беше прецизна и им го донесе првото злато на Холандија на Светските Првенства.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *