Федерика Брињоне победи на велеслаломот во Светскиот Куп кој се одржа во францускиот ски-центар Куршевил. Ова е првата победа за Брињоне сезонава а вкупно единаесета во нејзината кариера. На втората позиција заврши Норвежанката Мина Форст Холман со четири стотинки послабо време а третопласирана беше Венди Холденер од Швајцарија со 44 стотинки заостанување зад првопласираната Брињоне. Со оваа победа Федерика Брињоне се изкачи на првата позиција во генералниот пласман во велеслалом, а во генералниот пласман на Светскиот Куп на првото место е Микаела Шифрин со 546 бодови, втора е Федерика Брињоне со 281, а на третата позиција е Викторија Ребенсбург со 311 бодови.