Македонската одбојкарска репрезентација од 23 мај до 14 јуни наредната година за првпат ќе настапи на Европската Златна Лига. Македонија се падна во групата Ц каде противници ќе ни бидаат Чешка, Турција и Португалија. Овие противници се добро познати на нашата репрезентација. Од репрезентацијата на Чешка ни е стар должник, од нив загубивме во претходните пет квалификациски средби, еднаш во баражот и четирипати во групната фаза. Сепак тие порази не беа толку болни за нас како нивната одлука пред три години да играат со втор состав против Естонија во последниот квалификациски натпревар каде загубија и со тоа не спречија да се пласираме на Европското првенство во 2017 година. Екипата на Турција направи сличен потег на Европското Првенство годинава каде не одеа на победа во последниот натпревар во групната фаза со што Македонија не се пкасира понатаму.

1.коло – 23/24.5.2020: Македонија – Чешка
2.коло – 27.05.2020: Турција – Македонија
3.коло – 30/31.05.2020: Португалија – Македонија
4.коло – 06/07.06.2020 Македонија – Португалија
5.коло – 10.06.2020 Македонија – Турција
6.коло – 13/14.06 2020 Чешка – Македонија