НИКОЛА ЃОРЃИЕВ: НА ОВА НИВО ЛЕСНИ ПРОТИВНИЦИ НЕМА

Македонската одбојкарска репрезентација ги доби противниците во најквалитетното европско натпреварување Златната Европска Лига. Македонија се најде во прилично тешка група во лигата со Чешка, Турција и Португалија. Капитенот на нашата репрезентација Никола Ѓорѓиев изјави дека во ова натпреварување нема слаби репрезентации а Македонија овде припаѓа.

„Ова е тешка група, но на ова ниво лесна воопшто нема. Ние сме во кремот на одбојката и тоа е местото каде што заслужуваме да бидеме. Добро е во првиот натпревар ќе бидеме домаќини, ако успееме да победиме, тоа би бил одличен почеток. Секако дека ние не сме фаворити за влез на завршниот турнир, сепак ова не е како во сребрената лига, но имаме екипа којашто што може да направи нова историја доколку сме здрави сите. Португалија е домаќин на Челенџер купот, па прочитав дека селекторот ќе ја искористи Европската златна лига за да ги провери сите играчи, мојот техничар во Фридрихсхафен е капитен на Чешка, па ќе се обидам да соберам некоја информација и од него, а Турците ги знаеме и се надевам дека ќе им се реваншираме за поразот на ЕП. Мојот сон е три победи дома и една или две на гости, а тоа значи пласман на завршниот турнир. Само да сме здрави”- изјави Никола Ѓорѓиев.

One thought on “НИКОЛА ЃОРЃИЕВ: НА ОВА НИВО ЛЕСНИ ПРОТИВНИЦИ НЕМА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *