ПОД СИЛНО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ЌЕ СЕ ОДРЖИ 276 ЕЛ КЛАСИКО

Денеска со почеток од 20:00 часот ќе се одигра најголемото фудбалско дерби Ел Класико каде Барселона го пречекува тимот на Реал Мадрид. Ова е вкупно 276-ти дуел на овие две екипи кои од секогаш го привлекувале вниманието на фудбалскиот свет. Оваа сезона поради немирите во Каталонија овој дуел беше откажан во октомври а денес ќе се одигра под силно обезбедување. Натпреварот ќе го обезбедуваат 3.000 полицајци, а играчите на двата клуба се сместени во ист хотел од каде кон стадионот „Ноу Камп“ ќе се упатат во исто време и со исти автобуси без клубски обележувања за да се ибегнат напади на играчите на Реал Мадрид. Во шпанското првенство двете екипи се на делба на првата позицја на табелата со по 35 бодови. Земајќи го фактот дека оваа сезона Барселона ги доби сите натпревари на домашен терен, Реал Мадрид вечерва ќе има тешка задача да освои бодови на „Ноу Камп“. Реал Мадрид исто така има проблем со повредените играчи па на овој дуел нема да настапат: Азар, Асенсио, Марсело и Родригез.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *