БРЕСТОВАЦ СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО

Македонската ракометна репрезентација денеска ги почнува подготовките за турнирите во Србија и Романија. Нашата репрезентација на овие натпреварувања ќе настапи со млади играчи кои ќе треба да се наметнат за потесниот список за настап на Европското Првенство. Македонија на турнирот во Стара Пазова, Србија ќе настапи на 25 и 26 декември потоа на 28 и 29 декември ќе настапи на „Трофеј Карпати“ во Романија.

-„Акцентот на овие подготовки ќе биде повеќе на пријателските натпревари. Неделава на собир ќе бидат овие ракометари, кои му доаѓаат како Б-репрезнетација. Ќе видиме кој ќе се наметне од нив и кој ќе се придружи на завршните подготовки во Словенија, јас сум тренер кој верува во младите и им дава шанса. Можеби малку грубо звучи да имаме и А-тим и Б-тим, но составите мора да се категоризираат. Имаат четири натревари да ме убедат и да успеат да обезбедат место во А-тимот. Овие ракометарите имаат проблеми во нивните клубови, имаат мала минутажа. Нивно е да ги демантираат прво своите тренери во екипите дека заслужуваат поголема минутажа, а потоа да се наметнат и тука. Очекувам дека ќе блесне некој од младите, ова не е последна шанса, но редно време е да исплива некој на површина “, изјави Брестовац.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *