ЛИВЕРПУЛ ВО ПРОДОЛЖЕНИЈАТА ГО СОВЛАДА ФЛАМЕНГО

Во финалето на Светското клупско првенство Ливерпул со минимални 1:0 го совлада Фламенго. Натпреварот се играше без многи ризикување на двете страни, па во регуларниот дел резултатот беше 0:0. Во судиското надополнување во 91 минута Мане излезе сам пред голот на Фламенго при што падна на работ од шеснаесетникот откако Рафиња стартуваше од зад грб. Фудбалерите на Ливерпул очекуваа пенал, но ВАР технологијата покажа дека нема елементи за никаков прекршок. На почетокот од првото продолжение во 99 минута Ливерпул преку Фирмињо поведе со 1:0. До крајот Ливерпул уште неколку пати се закани но не успеа да ја зголеми предноста, Фламенго имаше една шанса во завршницата но Линколн не успеа да погоди. Ова е прв трофеј за Ливерпул во Светското фудбалско првенство. Ливерпул досега има одиграно 4 финалиња на светските клубски натпреваеувања од кои едно против Фламенго во 1981 година, но ниеднаш не успеал да го освои трофејот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *