МАКЕДОНИЈА СО ПОБЕДА ПРОТИВ КУВАЈТ НА ТУРНИРОТ ВО СТАРА ПАЗОВА

Македонската ракометна репрезентација со победа ги започна подготвителните натпревари за престојното Европско Првенство. Македонија славеше против Кувајт со 27:24 во првиот меѓусебен дуел. На почетокот на натпреварот Кувајт поведе со 2:0, по што Македонија направи пресврт и понатаму ја имаше контролата над играта во тек на целиот натпревар. најефикасни кај нашиот тим беа Костески со осум голови, Маркоски постигна 4, а Марко Кизиќ забележа 12 одбрани. Утре со почеток од 19:00 часот Македонија и Кувајт повторно ќе ги одмерат силите со што нашата репрезентација го завршува овој турнир и ќе отпатува во Романија каде треба да настапи на турнирот „Трофеј Карпати“ на 28 декември. На овие натпревари селекторот Данило Брестовац треба да одлучи кои ракометари ќе ги повика во составот на репрезентацијата за настап на ЕП

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *