ТОДОРОВ НАЗНАЧЕН ЗА НОВ ТРЕНЕР НА КОШАРКАРСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА

Денеска кошаркарската федерација го промовираше новиот тренер на сениорскиот тим, Александар Тодоров. Тодоров има големо искуство во македонската кошарка, тој беше тренер на повеќе клубови во домашното превенство, ја освои првата титула со тимот на МЗТ Скопје, а има и работено во неколку странски клубови. Во македонското првенство Тодоров ги водел екипите: Алумина – Скопје, МЗТ Скопје, Куманово, Вардар, Фон Универзитет – Струга и Тоа Сум Јас. Во својата интернационална кариера Тодоров ги водеше екипите: Чукурова Универзитет – Турција, Рилски Спортист – Бугарија, Балкан Ботевград – Бугарија, Динамо Букурешт – Романија, Пеќ-Косово, Левски Софија-Бугарија и Крајова – Романија. Следна цел за Македонија и за Александар Тодоров ќе бидат квалификациите за Европското Првенство 2021 година. Првиот натпревар во квалификациите Македонија ќе го одигр на 20 Фебруари против Естонија на домашен терен. Новиот тренер на прес конференцјата изјави дека целта ќе биде пласман на ЕП и подмладување на репрезентацијата.

– „Целта е пласман на ЕП, а на тој пат ќе се обидеме со подмладување на репрезентацијата. Имаме неколку селекции во младинските конкуренции кои имаат добри резултати. Секако ова не е алиби, туку потреба да им се даде шанса на помладите да го покажат потенцијалот, а кои за три-четири години се очекува да бидат главниот костур на тимот, а кои воедно успешно настапуваат во домашната и меѓународната сцена“ – изјави Тодоров.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *