
На вчерашната свеченост во хотелот Хилтон во Скопје беа прогласени најдобрите во македонската кошарка за 2019 година. За прв пат младиот талентиран кошаркар Ненад Димитриевиќ кој имаше забелешжителни настапи за Хувентуд , ја доби наградата за кошаркар на годината. За најдобар млад играч беше прогласен Андреј Димитриевски кој настапува за Пиемонте, во италијанската јуниорска лига. Најдобар женски тим е ЖКК Вардар а најдобар судија Александар Милојевиќ.
Најдобар кошаркар: Ненад Димитријевиќ
Најдобра кошаркарка: Александра Стојановска
Најдобар тренер во странство: Емил Рајковиќ
Најдобар тренер во машка конкуренција: Ѓорѓи Кочов
Најдобар тренер во женска конкуренција: Жаклина Стојановска
Најдобра машка екипа: МЗТ Скопје
Најдобра женска екипа: ЖКК Вардар
Најдобар судија: Александар Милојевиќ
Најдобра младинска репрезентација: Машка кадетска репрезентација
Најдобар млад кошаркар: Андреј Јакимовски
Најдобра млада кошаркарка: Илина Селцова
Најдобар тренер во машки младински категории: Горан Крстевски
Најдобар тренер во женски младински категории: Владимир Ѓоровиќ
Најдобра машка младинска екипа: МЗТ Скопје
Најдобра женска младинска екипа: Бадел 1862
Посебни признанија добија претставниците на специјалната олимпијада, за своето седумнаесет годишно постоење, и за вклучување на лицата со попреченост во спортот. Признание доби и кошаркарскиот клуб Водњански Лисици, за своето 25 годишно постоење, како и машката кадетска репрезентација која оваа година се пласира во А дивизијата.