ЛИНО ЧЕРВАР СО КРИТИКИ ЗА СТРАТЕГИСКИОТ МЕНАЏМЕНТ ВО МАКЕДОНСКИОТ СПОРТ

Еден од најдобрите ракометни тренери Лино Червар кој моментално е тренер на Хрватската репрезентација, во неговото интервју за „jutarnji.hr“ говореше за стратегијата на развој на спортот во Хрватска. Во ова интервју Червар изјави дека според него најдобар систем за развој на спортот е скандивавскиот модел, а како лош пример ја посочи Македонија и стратегијата за развој на спортот овде. Червар рече дека клубовите во земјите во југоисточна европа со победа можат да го оправдаат своето неработење.

-„Скандинавците се мој пример, бидејќи тие имаат чиста стратегија за развој. Мора да одлучиме каков пристап ќе имаме. Без разлика дали ја следиме културата на победа или ја следиме програмата за развој, тие се опциите. Мислам дека првата опција ја применуваат земјите во транзиција од Југоисточна Европа. Тоа е само за да го прикриете дефицитот, затоа што со победи, бришете сè. Затоа, кај нас второто или третото никогаш не е успех. Во Норвешка, на 11 години, не знаете кој е победник. Тоа е комплетна програма за развој на младите не само во играчка смисла. Порано беше да доаѓаат деца од провинција, а сега на 18 и 19 години овие деца одат во странство повеќе не студираат, не учат. Тие се аргументите. Можеме да преживееме со победа на краток рок, но со материјална стратегија можеме да преживееме на долг рок. Не можеме да продолжиме вака засекогаш, затоа што сето тоа завршува“ – изјави Червар.

Лино Червар рече дека моделот на вложување во Македонија и Полска е безсмислен. Како лош пример во Македонија Червар се осврна на ракометниот клуб Вардар и потенцираше дека Вардар е Европски Шампион а репрезентацијата нема ништо од тоа.

 -„Вардар е прв во Европа, па Македонија од тоа нема никаква корист,  а тоа неодамна го рече и нивниот капитен самиот Лазаров. Кјелце е на врвот, па Полска не може ништо од тоа, дури ни на големата сцена, макар што на неа доминираше. Која е таа смисла? Ако наш играч оди надвор за 3.000 евра, а Загреб или Нексе му дадат толку, дали би останал дома или ќе оди во странство“? – рече Червар.

Запрашан доколку нема резултати кој би финансирал во спортот, Червар одговори дека и кога имало финансиска криза со напорна работа се постигнувал успех, а купувањето странски играчи е губење време и пари.

– „Неодамна бев во Загреб, ситуацијата тогаш не беше лесна. Дури немав примено ниедна плата во осум месеци, но постигнавме добар резултат. Се може, дури и кога останавме без единаесет репрезентативци одеднаш. Треба повеќе да се работи, да се останува подолго во сала, а ако тоа не мжеш и не сакаш, мораш да купуваш. Можеби со тоа ќе стигнеш до некое четвртфинале но понатаму… Тоа е губење време и пари. Мораме да поставиме реални цели и повеќе да работиме, а преку репрезентацијата да чекаме големи резултати“ – истакна Червар.

Лино Червар истакна еден добар пример од неговата работа во Македонија. Тој го наведе примерот кога во Металург настапи штрајк на играчите додека тој беше тренер, па Червар со млади играчи му се спротистави на гигантот Кил. Иако Металург тогаш загуби со огромна разлика, тогашните млади играчи се изградија во врвни ракометари.

-„Јас останав без 25 играчи во Македонија поради штрајк. Работев шест часа дневно, шефот ми рече дека морам да останам само да покажеме дека можеме со младите да одиме напред. Бевме во Кил со Кузмановски, Талески, Нелоски кои буквално беа деца. Реализиравме три голови на полувремето, а добивме аплауз за храброста, но тие играчи за две години го победија Вардар кој една година подоцна беше европски шампион“ – изјави Лино Червар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *