
По завршувањето на есенскиот дел од сезоната актуелниот европси ракометен шампион Вардар не ги оправда очекувањата на меѓународната сцена. Вардар изминатата полусезона се соочи со повеќе проблеми, мака мачеше со повредените играчи, имаше смена на тренерската позиција и сл. Ракометната јавност очекува во зимскиот период Вардар да ги консолидира редовите и да се врати на победничките патеки, но иднината на клубот е неизвесна. Долгогодишниот играч на Вардар и миленик на публиката Тимур Дибиров во интервју за Handbalfast.com изјави дека финансиската состојба во Вардар не е стабилна, а напролет клубот може да се соочи со големи кадровски промени.

-„Стојанче Стоилов се опоравуваше долго време, потоа Павел Атман и Сергеј Горбок беа надвор од составот, а Глеб Калараш и Сергеј Горпишин имаа проблеми. Дојде и промената на тренерот (Давид Писонеро), така што се менуваше и стилот на играта. Сите ја очекувавме оваа пауза да се обидеме што може да се промени и поправи за пролетниот дел од сезоната. Јасно е дека имаше проблеми со селекцијата на играчите, дека се очекуваше повеќе од голманите Иако велат дека се подобрува финансиската состојба, јас не мислам така. Таа е уште полоша. Напролет клубот би можел да се соочи со сериозни кадровски проблеми. Со исклучок на тројца играчи, Сташ Скубе, Артурс Кугис и Павел Атман, на сите останати им истекуваат договорите. Во ваква ситуација нема смисла да се зборува за продолжување на нивната соработка и никој не започнал да преговара. Му доаѓаат тешки времиња на Вардар“, изјави Тимур Дибиров.