МАКЕДОНИЈА Е ОСВОЈУВАЧ НА „ТРОФЕЈ КАРПАТИ“

Македонската ракометна репрезентација имаше успешен настап на турнирот во Романија „Трофеј Карпати“ и го освои првото место. Во полуфиналниот натпревар Македонија го совлада Алжир со 25:24 и се пласира во финалето каде ја совлада домашната селекција на Романија 24:20. Првото полувреме на овој натпревар го доби Романија со 12:10, но во вториот дел нашата селекција направи пресврт добивајќи го второто полувреме со 14:8. Овој турнир за Македонија беше тест за престојното Европско Првенство во Јануари 2020 година. Македонија настапи без најдобрите поединци кои треба да бидат носители на играта. На овоие натпревари селекторот Данило Брестовац треба да ја тестира формата на играчите кои се борат за да се најдат во составот на репрезентацијата на Европското Првенство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *