МЛАДИТЕ НИКАКО ДА СЕ НАМЕТНАТ ВО РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА

Македонија забележа победа во првиот натпревар на Европското Првенство во ракомет, совладувајќи ја селекцијата на Украина 26:25. Нашата репрезентавција беше фаворит на хартија а фаворитската улога ја оправда и на теренот. Македонија беше подобар противник во текот на целиот натпревар и заслужено ги освои двата бода. Македонија ја имаше контролата на резултатот во тек на целиот натпревар а за тоа најзаслужен беше голманот Никола Митревски кој забележа 15 одбрани, Украинците не успеаа да дојдат во водство на овој натпревар но сериозно се заканија во финишот на натпреварот кога израмнија во последната минута на 25:25. Во последните секунди од натпреварот одговорноста ја презема капитенот Кире Лазаров и со прецизен удар донесе победа за Македонија. На овој натпревар најмногу се истакнаа искусните играчи. Кире лазаров беше најефикасен со 8 голови, Манасков постигна 6, Стоилов 4, Талески 4. На младите играчи во репрезентацијата тешко им оди да се наметнат во играта, иако некои од нив имаат повќе натпревари за сениорскиот тим, тие немаа храброст да преземат иницијатива и оставаа играта да оди претежно преку Лазаров. Кај помладите играчи 23 годишниот Филип Талески одигра добра натпревар постигнувајќи 4 погодоци, а добра игра покажа и дебитантот на ЕП, Марио Танкоски кој постигна еден погодок, останатите не успеаа да се запишат во листата на стрелци. На ова првенство ќе мора да им се даде шанса на помладите играчи посебно на бековските позиции бидејќи тие ќе треба во иднина да го преземат товарот на играта.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *