Емотивно видео и фотографии од Коби Брајант со неговата ќерка Џиана

Јавноста е шокирана по хеликоптерската несреќа каде загина Коби Брајант заедно со неговата 13 годишна ќерка Џиана Мариа и уште седум луѓе кој патувале со нив во хеликоптерот. Во хеликоптерот покрај Коби и неговата ќерка Џиана била и другарка на Џиџи со нејзините родители кои заедно оделе на тренинг на децата во академијата „Мамба“, која е основана од Коби Брајант. Коби беше посебно поврзан со неговата ќерка Џиана, која често ја водеше со себе. По завршувањето на својата играчка кариера во 2016 година, Коби Брајант се очекуваше ретко да има можност да следи НБА натпревари, но тоа го демантираше токму неговата ќерка Џиана која беше голем вљубеник во кошарката, и заедно со нејзиниот татко често пати следеа кошаркарски натпревари. Така Коби и Џиана во сезоната 2019/2020 скоро секоја вечер заедно гледале ТВ преноси од НБА натпреварите а често ги следеа и во живо натпреварите на Лејкерси. Камерите и фотографите успеаа да забележат многу убави заеднички моменти на Коби и Џиана.

Коби покрај Џиана има уште три ќерки, а во Џина тој гледаше свој неаследник. Џиана тренираше во академијата „Мамба“ на Коби Брајант и покажуваше добри игри, и голем напредок во последно време што Коби не пропушти да го истакне.

На профилот на Коби Брајант на Инстаграм може да се најдат видеа каде Коби ја учи Џиана на „магиите“ на кошаркарската игра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *