Вардар и Металург одиграа контролен натпревар

Вардар го „растури“ Металург, втор триумф за Алушовски на контролните мечеви

Ракометарите на Вардар и Металург одиграа пријателски натпревар на кој имаа можност да ги воиграат своите играчи и да испробаат некои тактички варијанти во играта. Натпреварот го доби Вардар со 35:26, но резултатот на оваа средба беше во втор план. Натпреварот се играше израмнето во првото полувреме, Вардар ја имаше најголемата предност од 5 голови, а во два наврати Металург имаше водство од четири голови предност. На полувреме екипите заминаа со резултат 17:15 во корист на Вардар. До средината на вториот дел се зарджа ова темпо на игра каде Вардар ја одржуваше предноста од 2 до 3 голови, понатаму Вардар се одлепи и направи поголема разлика. Кај Вардар најефикасен беше Дибиров со 8 голови, Кристопанс постигна 6, Чупиќ и Скубе 5. Во редовите на Металург Поповиќ и Чантурија постигнаа 5 голови, Танкоски 4, Серафимов и Мариќ 3. Натпреварот го судеа Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, Судиите кои ја делеа правдата на финалето на Европското Првенство помеѓу Шпанија и Хрватска.

DAR_3050_resize_resize

Ова е втора победа за новиот тренер на црвено црните Стевче Алушевски во вториот негов контролен натпревар, по победата на Вардар против поранешниот клуб на Алушевски, Еурофарм Пелистер. По зимската пауза Вардар го очекува тешко гостување во ЛШ против Кил на 5 фебруари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *