По 4 победи во низа тимот на МЗТ Скопје не успеа да слави на гостински терен против Сутјеска 85:70 и го доживеа првиот пораз оваа сезона во АБА 2 натпреварувањето. Најдобар стрелец на натпреварот беше играчот на МЗТ Скопје Џабари Хиндс кој постигна 22 поени, додека кај Сутјеска најефикасен беше Павличевиќ со 21 поен.