ПОЗНАТИ ЧЕТВРТФИНАЛИСТИТЕ ВО КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА

Денес ФФМ ги објави четвртфиналните дуели кои ќе се борат за освојување на фудбалскиот Куп на Македонија. Бранител на овој трофеј е тимот на Академија Пандев а најголем негов ривал за одбрана на пехарот се очекува да му биде актуелниот шампион Шкендија. Шкендија оваа сезона не игра најдобро во првенството па се очекува да се посвети на освојување на Купот за излез во европа. Академија Пандев пак во првенството игра одлично моментално е на втората позиција на табелата и најавува борба за титулата. За Куп трофејот ќе се борат и двајца второлигаши екипите на Брегалница и Лабуништа кои ќе играат меѓусебе во четвртфиналето.

Во четвртфиналето ќе се сретнат:

  1. Шкендија – Работнички
  2. Брегалница – Лабуништа
  3. Струга Трим Лум – Ренова
  4. Шкупи – Академија Пандев

Првите четвртфинални дуели се закажани за 4.12.2019 а реваншите ќе се играат на 4.3.2020 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *