Во осмото коло на СЕХА Газпром лигата Македонските екипи играат на домашен терен. Денеска со почеток во 20:15 часот во салата „Јане Сандански“ во Скопје Вардар ја пречекува Војводина. Утре 5.11.2019 Еурофарм во „Боро Чурлевски“ во Битола ќе биде домаќина на силниот Мешков Брест, натпреварот почнува во 19:00 часот. Овие натпревари македонската публика ќе може да ги следи и на телевизија на „Арена Спорт“.