НОВА ШАНСА ЗА ЕУРОФАРМ ВО ЛШ ПРОТИВ САВЕХОВ

Тимот на Еурофарм Работник во недела го пречекува шведски Савехов во ЕХФ Лигата на Шампиони. Натпреварот се игра од 17:00 часот. Ова ќе биде шанса да се поправи учинокот на Еурофарм во Лигата на Шампиони, каде битолчани никако да дојдат до втората победа во нивната премиерна сезона во ова натпреварување. Тренерот Алушевски изјави дека поради повредите Еурофарм не е фаворит во овој дуел но се надева на победа.

„Савехоф ни е еден од должниците оваа сезона во Лигата на шампионите. Да бевме комплетни ќе бевме големи фаворити, но ние подолг период мака мачиме со повредени ракометари. Не можеме да реализираме добар тренажен процес и подготовка за дуелите после Веспрем. Имаме негативна серија, но спремни сме за Савехоф. Добро го анализиравме ривалот, верувам дека дел од повредените ракометари ќе ни помогнат да ја извојуваме втората победа во Лигата на шампионите“, изјави Алушевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *