По слабите резултати кои ги забележа Тотенхем оваа сезона во Премиер Лигата се реши за смена на досегашниот тренер Маурицио Покетино. Него ќе го замени португалскиот „магионичар“ Жозе Мурињо. Мурињо во својата кариера има направено многу изненадувања со екипите кои ги водел и се очекува да го извади Тотенхем од моменталната ситуација. Ангажирањето на Жозе Мурињо ќе го чини Тотенхем сокоро двојно повеќе од неговиот предходник. Покетино заработуваше 8,4 милиони фунти годишно, а Мурињо треба да заработува 15 милиони. Тотенхем по само една година и шест месеци го раскина договорот со Покетино кој беше со важност од 5 години. Договорот со Мурињо е со важност до крајот на сезоната 2022/2023.
