Во дербито на дното во кошаркарското првенство Академија ФМП го победи Вардар 95:66. По одвивањето на настаните на почетокот на првенството сезонава изгледаше дека овие две екипи ќе водат борба за опстанок, но Академија ФМП се засили со неколку странски играчи и најави повисоки дострели. Вардар беше рамноправен противник во првата четвртина кој ја доби со 20:21. Во втората четвртина Академија ФМП го скрши отпорот на Вардарци и направи висока предност добивајќи ја втората четвртина со 26:11 за плус 14 на полувремето 46:32. Третата четвртина заврши 25:15 а последниот период 24:19. По оваа победа Академија ФМП има 9 бдови и се искачи на осмата позиција на табелата пред Вардар кој сега е девети со 8 бодови.