Во неверојатен натпревар во финалето на Копа Либертадорес тимот на Фламенго ја победи Ривер Плата 2:1. Ривер Плата поведе во раната фаза на мечот со голот на Рафаел Сантос Боре во 14 минута. Во трилер завршницата Габриел Барбоса Алмеида во 89 и во 92 минута два пати ја затресе мрежата на Ривер Плата за феноменален пресврт и победа на Фламенго што значеше освојување на шампионската титула по цели 38 години. Денес играчите на Фламенго се вратија во својот дом во Рио де Жанеиро каде беа спектакуларно пречекани.