Македонската фудбалска репрезентација остана на 68 позиција на последното рангирање на ФИФА Кока Кола Ранг Листата. На последните натпревари кои ги одигра Македонија доживеа пораз од Австрија и победа над Израел што ни донесоа плус 3 бодови. Македонија имаше 1.344 бодови сега има 1347, што резултираше без промена на листата за нашата репрезентација.