ЗОРАН ТОДОРОВИЌ НЕ Е ПОВЕЌЕ ТРЕНЕР НА КК ПЕЛИСТЕР

Кошаркарскиот клуб Пелистер АД Битола го раскина договорот со досегашниот тренер Зоран Тодоровоиќ, бидејќи клубот не ги исполнува критериумите за негов ангажнам. За нов тренер на Пелистер ќе биде назначен Љупчо Малинков. Тој досега го водеше тимот на Еуро Никел од Кавадарци со кој немаше пораз на домашен терен. Малинков е и помошник на селекторот на Македонската репрезентација Јорданчо Давитков. Пелистер со соопштение до јавноста ги образложи причините за смената на Тодоровиќ.

-„Управата на КК Пелистер, АД Битола сака да изрази голема благодарност до кошаркарскиот селектор и тренер Зоран Тодоровиќ за неговиот ангажман и огромен придонес во развојот на битолската и македонската кошарка.

За жал оваа сезона, како и минатата, не успеавме да обезбедиме тренерска лиценца за шефот на нашиот стручен штаб поради критериумите и пропозициите од правилникот на тренерската организација при КФСМ и со тоа нам, а и нему, му беше скратено правото да ги води натпреварите како прв тренер.

Во тие отежнати околности дојдовме до заедничко решение за доброто на сите, односно, Зоран Тодоровиќ, да може да ја продолжи кариерата во друг клуб каде што ќе може непречено да ја извршува својата функција, а исто така и ние да можеме да ангажираме тренер кој ќе може да ја извршува непречено функцијата, шеф на стручен штаб во нашиот клуб и со тоа да пробаме да ги подобриме резултатите во оваа сезона.

Во оваа прилика уште еднаш сакаме да изразиме голема благодарност до Зоран Тодоровиќ на кого му посакуваме многу здравје и среќа во натамошната кариера. Нашата соработка беше и ќе остане во иднина на високо ниво затоа што причината за спогодбено разидување е чисто од технички причини.

Изборот на нов тренер падна на долгогодишниот стратег на клупата на Фени Индустри и помошник во мак-сениорска репрезентација Љупчо Малинков, на кого му посакуваме добредојде и успех во останатиот дел на сезоната“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *