ФАВОРИТИ ИМА САМО НА ХАРТИЈА ВО КОШАРКАРСКОТО ПРВЕНСТВО

Се одигра деветото коло во кошаркарското првенство на Македонија, од четирите екипи кои беа на делба на првото место на табелата единствено МЗТ Скопје Аеродром остана на врвот. Куманово во крајно неизвесен натпревар по продолжението успеа да го совлада Еуро Никел 86:85. Работнички се враќа во победнички ритам, па по победата над Вардар во претходното коло денес го совлада Кожув 97:81. Гостивар имаше незгодно гостување во Битола и доживеа пораз од Пелистер 89:79. МЗТ Скопје Аеродром потешко од очекувањата славеше против Вардар 97:80, на овј натпревар на почетокот играта беше во прекин краток период поради истакнат траспарент со навредлива содржина за Кошаркарската Федерација. Академија ФМП на домашен терен го совлада тимот на МЗТ Скопје УБ 84:79.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *