Нашиот моменталнно најдобар атлетичар Дарио Ивановски заврши на шеесет и седмата позиција на Европското Првенство во крос, во доста силна конкуренција каде учествува 85 натпреварувачи. Ова беше доста тешка трка, каде имаше неколку откажувања а најдобрите фаворити постигнаа слаби резултати.

-„Настапот на Дарио беше во рамките на неговите максимални можности и дефинитивно тој денес го даде својот максимум со најмоќната европска конкуренција во категоријата млади сениори.
Како негов тренер и официјално лице на нашата атлетска федерација лично сум задоволен од неговиот настап и гинење за светиот дрес на ова европско првенство. Тој оваа ултра тешка патеката (8.250м) ја истрча со просечен пејс од 03.14 што доволно зборува колку моќно ја има истрчано трката која имаше константни промени на ритам од прв до последен метар“ – истакна тренерот на Ивановски, Игор Јакимовски.
