ТФТ БАСКЕТБОЛ СО СТОТКА ПРОТИВ РИНИЈА ОСТАНА НЕПОРАЗЕН ВО ВТОРАТА ЛИГА ИСТОК

Со натпреварот ТФТ Баскетбол – Ринија 100:74, се комплетира петото коло во втората кошаркарска лига. На домашен терен во малата сала во „Борис Трајковаски“ ТФТ Баскетбол лесно ја совлада Ринија и го задржа првото место на табелата на истокот со максимални 10 бодови. На останатите натпревари во источниот регио Струмица го победи Баскет КАМ 72:61, Шкупи доживеа висок пораз на гостувањето против Феникс 107:52, МКК Куманово на свој терен го изненади фаворитот Борец Баскет 84:80. Во западниот регион во втората лига кошаркарите на Партизан Водно Санс славеа во дербито против Ангели 97:92. Екипата на Црн Дрим извојува важна победа против Хераклеа 70:62 и со тоа се искачи на второто место на табелата зад непоразениот тим на Паризан ВС. Во Неготино Спорт Тим беше поразен од Чаир 2030, 77:100.

Табела Запад: Партизан ВС 10, Црн Дрим 9, Мега Баскет 7 (-1), Ангели 6, Чаир 2030 6, Хераклеа 6, Тетекс ТТК 5, Спорт Тим 5, Албес 3 (-1)

Табела Исток: Струмица 9, ТФТ 8 (-1), Феникс 2010 7, Борец Баскет 7, Баскет КАМ 6, Шкупи 6, Спарта 5, МКК Куманово 5, Риниа 4 (-1)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *