На балканското првенство кое ќе се одржи од 10 до 15 декември во Анталија, Турција тројца боксери ќе ја представуваат Македонија. Јасин Лама ќе се бори во категоријата до 69 килограми, Гоце Јанески до 75 килограми и Арсим Етеми до 81 килограм. Нашите репрезентативци за ова првенство беа на подготовки во Охрид. Тренер на Македонската репрезентација во Турција ќе биде Скендер Јахиу.