
Денеска со почеток од 18:30 часот ќе се одигра финалето на Светското клупско првенство кое се одржува во Доха, Катар, каде ќе се сретнат европскиот првак Ливерпул и шампионот на јужна америка, бразилскиот тим Фламенго. Во полуфиналните дуели Ливерпул го совлада мексиканскиот претставник Монтереј со 2:1, а Фламенго го победи Ал Хилал од Саудиска Арабија 3:1. Ова ќе биде втор финален дуел помеѓу овие две екипи на ова натпреварување, прв пат тие се сретнаа во 1981 година во тогашниот Тојота Куп каде Фламенго славеше со 3:0.