
Со оглед на тоа што пандемијата на Корона вирусот тешко ја погоди Италија се поизвесно е дека фудбалските првенства оваа сезона нема да прдолжат. Доколку првенството во најквалитетната италијанска лига Серија А заврши титулат ќе му припадне на Јувентус, а во Лигата на Шампиони ќе патуваат и екипите на Лацио, Интер и Аталанта. Во второто по ранг европско натпреварување Лига Европа ќе одат екипите на Рома и Наполи. При вакви околности Милан кој е седми на табелата не исполнува услови за излез на европската сцена. Со тоа залудни ќе бидат големите напори кои клубот ги направи во зимскиот преоден рок.